screen_shot_2016_11_09_at_2-37-53_pm

Веќе подолго време зборуваме за телефони кои може да се виткаат и нив најверојатно ќе ги видиме на пазарот наредниве две години. Прв кој ќе лансира ваков телефон ќе биде веројатно Samsung, кој подолго време ја најавува оваа технологија и веќе има и патентирано таков производ.

Патентот е поднесен во “Korean Intellectual Property Office” и на него може да се види дека корејскиот гигант спрема телефон кој може да се превитка на половина. Ова нема да биде класичен телефон на преклоп – тој ќе има дисплеј кој ќе може целосно да се превитка. Благодарение на ова, телефонот може  да има помали димензии за кога ќе го ставите во џеб и поголем дисплеј за кога ќе работите со него.

samsung_galaxy_x_patent_d

Дизајнот неодоливо потсетува на Surface Book на Microsoft, особено во делот каде се превиткува телефонот, што е секако позитивно. Уредот инаку ќе има OLED дисплеј, кој е многу полесен за виткање од обичните LCD дисплеи, но ќе има и дополнителен надворешен дисплеј, за кога е свиткан телефонот корисникот да може да ги види нотификациите и сл.

Се уште нема информацијаза тоа кога точно ќе пристигне првиот ваков телефон на пазарот, но има најави кои велат дека него би можеле да го видиме до крајот на наредната година – веројатно кога треба да биде лансиран Note 8? Сепак, очекувајте цената на еден ваков телефон да биде многу висока во почеток и тој да биде достапен во помали бројки.

Извор: The Verge, BGR, CNET

Претходна статијаFacebook купува украдени лозинки од црниот пазар за да ги заштити нашите сметки
Следна статијаMacedonia 2025 Summit: Како Македонија да го намали преголемото загадување?