phone-module2

Според информации од корејскиот портал etnews, Samsung ќе произведе 17,2 милиони уреди од новите Galaxy S7 и S7 Edge во првите три месеци од оваа година, односно од претставувањето на уредите.

Оваа бројка е поголема од бројот на уреди коишто Samsung успеа да ги продаде минатата година со својот S6 модел кој се продаде во количина од 15,8 милиони уреди во првите три месеци.

Се разбира, не значи дека произведените уреди ќе бидат сигурно продадени, меѓутоа бројката покажува дека од Samsung се оптимисти и очекуваат поголема популарност на нивните нови модели оваа година.

Доколку се гледа од презентацијата на MWC 2016, како и поактивната кампања којашто веќе се води низ светот, очекувањето за поголеми продажби оваа година не е нереално.

Новите модели иако на изглед не изгледаат нешто различно, доаѓаат со неколку новини коишто треба да ги задржат верните корисници, а сигурно да привлече и нови. Доаѓаат со екрани со големина од 5,1 и 5,5 инчи со резолуција од 2560х1440 пиксели.

Долго време баран додаток оваа година е можноста за додавање на micro SD картичка, па корисниците нема да бидат ограничени на просторот со којшто доаѓа уредот. Капацитетот на батериите е исто така зголемен, па оваа година не би требало да ги има ланските критики.

Повеќе информации можете да прочитате на следната статија, а нашите оператори веќе ги нудат уредите за пред нарачка.

Извор: Android Authority, ETNews

Претходна статијаAndroid N нема да има листа со апликации исто како во iOS
Следна статијаПрофесии кои носат најмногу лајкови на Tinder
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.