note-7-

Со цел да ја намали можноста за самозапалување или експлозија на батеријата во Note 7, Samsung пушти специјална надградба, која ќе дозволи полнење на батеријата само до 60%. Оваа надградба е само повремена и засега е достапна само во Јужна Кореја, односно откако ќе се реши проблемот со сите спорни Note 7-ки, треба да има нова надградба која ќе го врати целосниот капацитет на батеријата.

Но, дали оваа надградба ќе помогне во решавањето на проблемот со палењето на батеријата? Возможно е – истражувањето што ја го направив е дека главна причина за палење на батериите е поради покачена температура на самата батерија, што најчесто се случува при нејзино полнење. Полнењето на батеријата над 80% е секогаш најбавно и воедно најмногу ја покачува температурата, па овој потег е и логичен.

Од друга страна, ова значи дека уредите кои ќе ја добијат надградбата ќе траат многу помалку со едно полнење, односно веројатно ќе треба да носите надворешна батерија со вас или пак често да бидете поблизу до штекер. Честото полнење би можело дополнително да придонесе за пореметување на хемиските процеси во батеријата, но барем засега ќе му веруваме на Samsung дека оваа надградба ќе овозможи намалување на шансите за палење.

Оваа надградба ќе ја добијат сите уреди, дури и оние со батериите кои немаат проблем, што можеби алудира на тоа дека Samsung не е сигурен ниту во тие батерии, но според мене ова е само поголема мерка на претпазливост од страна на Samsung, кој не смее да дозволи уште некоја дополнителна експлозија. Се надевам и очекувам дека надградбата ќе пристигне и на другите пазари низ светот.

Извор: The Next Web, CNBC, BBC

Претходна статијаКоја е причината за експлозијата на батеријата во Galaxy Note 7 и како да се заштитите?
Следна статијаДиректорот на FBI: „Покриете ја својата веб камера“