samsung-galaxy-note-5

Според неофицијални извори на порталот ETNews, Samsung својот нареден модел од Galaxy Note серијата, нема да го нарече Note 6, бројката којашто доаѓа на ред, туку истата ќе ја рипне и ќе го нарече Note 7.

Како главна причина за оваа можна одлука се нагласува желбата да се унифицираат бројките со Galaxy S серијата која оваа година е стигната до 7. Ова треба да биде поедноставно за корисниците да добијат претстава за тоа до кое ниво на развој е стигнат уредот, па можеби користењето на бројката 6 кога ги има S7-ците, би оставило впечаток кај корисниците дека моделот е нешто послаб.

Исто така, се најавува дека Galaxy Note 7 ќе биде првиот од Note серијата кој ќе дојде со заоблено стакло од двете страни, како што е тоа случајот кај Galaxy S Edge серијата.

Покрај тоа, поради популарноста на Edge моделите, се верува дека од идната година Samsung може да се одлучи сите нивни модели да доаѓаат со заоблен екран, наместо тоа да биде издвоено како посебна карактеристика.

Иако останатите производители досега немаат направено ваков чекор, сепак ова да се случи не е толку чудно и неверојатно. Сепак, Microsoft ја рипна деветката со претставувањето на Windows 10, а има и уште неколку вакви примери.

Според информациите, производството на Note 7 треба да започне наскоро и моделот да биде претставен порано, односно пред претставувањето на новите модели од Apple.

Извор: The Verge, ETNews

Претходна статијаRaspberry Pi 3 можно е да добие и Android поддршка
Следна статијаПо запленување на другите домејни The Pirate Bay сега функционира на .org
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.