galaxy-c5

Samsung оваа недела претстави два нови уреди кои се од средната класа и ќе бидат достапни само на кинескиот пазар. Дали може да се очекува достапност и во остатокот од светот, засега не е познато, меѓутоа производителот има доволно алтернативни уреди од оваа класа, па на корисниците не им недостига избор.

Како што може да се види од ознаките на двата модели, се работи за послаб и појак модел кои се разликуваат по неколку карактеристики.

Послабиот од двата Galaxy C5 доаѓа со следните карактеристики:

  • 5,2 инчен Super AMOLED Full HD екран
  • Snapdragon 617 чипсет
  • 4GB RAM
  • 32GB простор за складирање и 128GB microSD
  • 16MP задна камера и 8MP предна камера

Посилниот модел, односно Galaxy C7 доаѓа со следните карактеристики:

  • 5,7 инчен Super AMOLED Full HD екран
  • 2.0GHz octa-core Snapdragon 625 чипсет и Adreno 506 графички процесор
  • 32GB и 64GB простор за складирање
  • 4GB RAM
  • 300mAh батерија

Извор: The Verge, PhoneArena, Samsung

Претходна статијаIBM создаде макромолекула која потенцијално може да го уништи секој вирус
Следна статијаApple ќе претстави нов iPhone целосно изработен од стакло?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.