SamsungGalaxyViewReview%20(8)-970-80

Корејскиот гигант има навистина разновидна гама на производи, но многу често во понудата може да се најдат некои непотребни уреди, каков што е новиот 18,4 инчен таблет со Android, на кој навистина не би можел да му ја сфатам намената, особено што има недоволно добри спецификации или можности, како на пример пенкалце, со кои би ги привлекол уметниците и дизајнерите.

Samsung најверојатно го замислува како уред за консумирање на видео содржини, но со тежина од 2,65 kg е претежок за користење во скут, што значи дека ќе мора да го поставите на маса за да може да уживате во филмот (има вграден држач). Исто така, ниту екранот со Full HD резолуција (1920х1080) не е за особена пофалба – денес дури и дупло помали таблети имаат барем QHD резолуција (2560х1440).

galaxy-view-tablet-100624443-large

Останатите спецификации се исто така просечни и послаби и од телефоните од Galaxy серијата. Процесорот има осум јадра кои работат на 1,6 Ghz, а помогнат е од 2 GB рам меморија и 32, односно 64 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Вградена е и предна камера од 2,1 мегапиксел, наменета за видео разговори. Единствената светла страна е веројатно траењето на батеријата – 8 часа со едно полнење се одлични за огромен уред како Galaxy View.

Galaxy View е таблет кој секако нема да го изнесете од дома, иако е достапен модел со слот за SIM картичка за 4G интернет. Уредот е едноставно наменет е за полесно префрлање од една во друга соба. Сепак, со големина на дисплејот од 18,4 инчи, на таблетот многу повеќе му одговара целосен оперативен систем, како Windows 10, отколку Android Lollipop со кој доаѓа во пакувањето. Штета, бидејќи големиот екран би бил одличен за работа со најразлични програми за фотографија, видео и дизајн.

galaxy-view-specs-100624450-large

Samsung сеуште не ја објави цената на Galaxy View, но се сомневам дека ќе биде евтин и достапен, а уште помалку дека ќе биде особено успешен.

Извор: Tech Radar, PC World

Претходна статијаКинеска машина која гради цели мостови
Следна статијаТелефонот со нескршливиот екран, Droid Turbo 2, ќе биде достапен и во Европа под името X Force