s7

Асистентите со вештачка интелигенција кај паметните телефони, како Google Now (Assistant), Siri, Alexa и Cortana стануваа сѐ поспособни, но и натаму има многу простор за подобрување. Затоа, Samsung работи на свој асистент, кој според најавите ќе биде многу подобар од сите конкуренти досега.

Зад дигиталниот асистент со вештачка интелигенција стои Viv Labs, истата компанија која го направи Siri пред 6 години, a која денес ја поседува Samsung. Денес Siri е во сопственост на Apple, но Viv Labs не престана со развој на вештачка интелигенција и сега, во соработка со најголемиот конкурент на Apple, развива нов асистент од кој реално е да се очекува да биде многу подобар од оној кој го имаат развиено во 2010 (Siri).

Новиот асистент на Viv Labs ќе има неколку предности пред конкуренцијата, од кои главна е можност за отворање на софтверот кон дивелоперите, кои ќе можат да ги интегрираат своите сервиси во самиот асистент. На овој начин, дури и компанијата или Samsung да не го развиваат, асистентот сам ќе станува сѐ поспособен како ќе поминува времето.

Овој асистент би можел да биде и една од главните одлики на новиот Galaxy S8, кој треба да излезе во првото тримесечје од наредната година и кој ќе биде телефонот на Samsung со веројатно најголем товар досега, бидејќи ќе треба да ги покрие загубите кои се направија со прекинувањето на производството и продажбата на Galaxy Note 7, а поради проблемите со запалувањето на батеријата.

Извор: Engadget, Forbes, The Verge

Претходна статијаiPhone vs сите останати: Што ги мотивира луѓето да изберат iPhone, а не друг паметен телефон
Следна статијаКако да создадеме АИ која нема да не уништи?