Денес скоро е невозможно да се најде смартфон со доволно моќни перформанси, а да има мали димензии, односно помал дисплеј. Освен можеби iPhone 7, но и тој не е толку мал со оглед на големината на дисплејот. Сепак, неколку „скапоцени камења“ постојат, а еден од нив е Galaxy Feel на Samsung, кој има прилично солидни перформанси и 4,7 инчен Super AMOLED дисплеј.

Кога велам прилично солидни перформанси не мислам дека тој може да се стави во друштвото на Galaxy S8 и S8+, но процесор со осум јадра на 1,6 GHz и 3 GB рам секако звучат добро за оние кои не бараат премногу од својот паметен телефон. Исто така, Galaxy Feel доаѓа со одлични 32 GB простор, а има и можност за проширување преку micro SD картичка.

На хартија и камерите се одлични – задната има 16 мегапиксели, додека преднатса има 5 мегапиксели. Батеријата има 3.000 mAh и со оглед на тоа дека дисплејот има резолуција од само 1280х720 пиксели, таа би требало без проблем да издржи цел ден со едно полнење, па и малку од другиот. Всушност, резолуцијата на дисплејот е едниствената негативна страна, но на оваа големина на би се грижел премногу, бидејќи и iPhone нема многу повеќе пиксели од Galaxy Feel.

Најголем адут, особено што се работи за поевтин уред, е изработката од стакло и метал, која не само што изгледа добро, туку е и заштитена од вода и прашина, исто како најскапите модели на Samsung. Во долниот дел е вграден и USB Type-C приклучок за полнење, кој само го надополнува позитивниот впечаток, а шлаг на тортата е Nougat верзијата Android.

Засега не е позната цената на Galaxy Feel и кога тој ќе биде достапен, но моја претпоставка е дека ќе изнесува 350 евра и дека во текот на летото овој телефон ќе го најде патот и до нашиот пазар.

Извор: PhoneDog, GSMArena, NDTV

Претходна статијаТелевизорите остануваат главниот уред на којшто се гледа видео содржина
Следна статијаОткриен нов тип на LCD дисплеи кои можат да ја зголемат резолуцијата за три пати