F 03_Samsung Galaxy Note7

Како резултат на огромниот интерес од корисниците за новиот уред, залихите кои може да се порачаат се однапред ограничени

Скопје, 16. август 2016. –Денес, Самсунг (Samsung) овозможи процес за ексклузивна порачка на уредот Samsung Galaxy Note7 во Европа. Во оваа фаза на порачување, залихите се ограничени се со цел – на најдобар можен начин да се одговори на до сега невиденото побарување за новиот Galaxy Note телефон.

Интересот на корисниците за Note7 веќе го надмина оној кој го имаа за Galaxy S7 и S7 edge, што може да се воочи од бројот на регистрирани корисници на дигиталните канали на Самсунг. Како резултат на големата побарувачка, Самсунг има намера да го ограничи процесот на ексклузивна порачка, како би се осигурал дека може да биде задоволено побарувањето на корисниците по официјалното пуштање во продажба на уредот низ Европа, следниот месец.

F 02_Samsung Galaxy Note7

Како што ни покажува успехот на нашите Galaxy S7 и S7 edge уреди, постои голема побарувачка за нашите премиум паметни телефони (smart phones). Реакцијата на пазарот во комбинација со нагласено позитивните коментари од нашите провајдери и партнери во малопродажбата, укажуваат на тоа дека Note7 значајно ги надминува првобитните прогнози во поглед на продажбата, во Регионот. Префинетиот дизајн и корисните иновации, како што се подобрената верзија на „S пенкалото и можноста за скенирање на ирисот на окото на корисникот, дополнително ја нагласуваат привлечноста на нашите премиум уреди“ – изјави Саша Оравец (Sasa Oravec), Директор за Телекомуникации во компанијата Самсунг за Адриатик регионот (Samsung Adriatic Region).

Европските потрошувачи од денес ексклузивно ќе може да го порачаат новиот Note7, а додека клиентите кои однапред ќе го нарачаат уредот во продавниците на Самсунг и/или преку одбраните Партнери (мобилните провајдери и малопродажните салони) како подарок ќе добијат нов Samsung Gear VR уред.

Претходна статијаThe Touch HB Ring – Почувствувајте ги срцевите отчукувања на партнерот
Следна статијаNvidia ги претстави графичките од серијата „10“ за лаптоп компјутерите – ќе бидат најмоќни во светот