Фото: TechnoBuffalo.com

Според она што го пренесува DisplayMate, новиот Samsung Galaxy S8 го поседува најквалитетниот дисплеј за мобилен телефон до сега измислен. Редовните корисници на овој бренд, како и познавачите на оваа технологија нема да бидат изненадени од самиот факт дека Samsung нуди особено квалитетен дисплеј, со оглед на тоа што не е прв пат компанијата да добие признание, токму за тој елемент од својот производ.

Според првичните, не сосема проверени информации се работи за суб-пикселно рендерирање. За терминот да им стане јасен и на оние помалку стручните на оваа тема, се работи за овозможување на поостра слика преку таканаречените суб-пиксели. Понатаму, тоа ќе значи дека иницијалните пиксели имаат дополнителни под-пиксели во трите основни бои, сина, зелена и црвена. Под-пикселите се однесуваат како регуларни пиксели, односно при оформувањето на сликата тие нудат екстра детал.

Во пракса, тоа ќе значи резолуција со уште поголем квалитет. Бројките се двжат околу 3 пати поквалитетна резолуција на истиот екран кој користи суб-пиксели за разлика од оној кој користи регуларни пиксели. Покрај револуционерниот начин на формирање на квалитетот на сликата, се зборува дека новиот Samsung ќе го понуди најсветлиот екран до сега.

Според особено професионалното рангирање направено од страна на DisplayMate, може да се заклучи дека екранот на најновиот модел на Samsung ги има исполнето сите критериуми и ги има освоено максималниот број на „бодови“ добивајќи оцена А+.

Меѓутоа, главниот соперник на Samsung, Apple, подготвува реванш за септември годинава кога ќе го претстави новиот iPhone 8, што веројатно ќе значи дека до тогаш S8 ќе ја држи титулата за најдобар мобилен дисплеј.

Извор: TechnoBuffalo

Фото: TechnoBuffalo.com

Претходна статијаMSI Trident 3 “убиец“ на конзоли
Следна статијаAlcatel Flash има двојна камера и назад и напред