RED, поточно RED Digital Camera, е компанија која е позната по производството на кинематографски камери со висока резолуција. Тие досега се имаат користено од страна на Џејмс Камерон во Avatar, Ридли Скот во The Martian, Питер Џексон во The Lord of The Rings и The Hobbit и слично. Значи не треба да се биде голем познавач на овој бизнис за да се види дека камерите на RED се меѓу подобрите на пазарот.

Оваа компанија во текот на вчерашниот ден претстави Android смартфон за кого тврдат дека е првиот холограмски телефон на којшто корисниците ќе може да гледаат изменета реалност (AR), виртуелна реалност (VR) и слична содржина без потреба од додатна опрема како очила.

За да го постигнат тоа, од компанијата истакнуваат дека во нивниот екран тие користат нанотехнологија која незабележително ја прави транзицијата од еден вид на содржина во друг и сето тоа без потреба од очила.

Овој телефон, исто така вклучува и алгоритам којшто го прави звукот од обичен во мулти-димензионален, што од компанијата истакнуваат дека само оваа карактеристика го прави него навистина посебен.

Инаку, Hydrogen One е смартфон којшто работи на основната верзија од Android, односно нема додатоци како што тоа го прават повеќето други производители. Вклучува 5,7 инчен, како што истакнуваат, холограмски екран.

Покрај неговиот екран, овој смартфон е и модуларен, односно ќе доаѓа со можност за додавање на разни додатоци, којшто во главно ќе бидат поврзани со можноста за сликање и снимање на високо квалитетна содржина со камерата.

Повеќе информации за овој уред се’ уште нема, освен цената којашто ќе биде прилично висока, а со оглед на технологијата која се користи, тоа воопшто не изненадува. Цената почнува од 1.195 долари, па нагоре.

Навистина чекаме да видиме кога овој уред ќе биде претставен и дали тоа што моментално го тврди неговиот производител ќе биде навистина така. Ако најавите се остварат, најверојатно гледаме во еден револуционерен уред којшто ќе им конкурира на моментално најголемите.

Извор: RED, Engadget, Forbes

Претходна статијаNokia повторно ќе соработува со Zeiss за камерите на своите Android паметни телефони
Следна статијаPorsche и AOC лансираат импресивно дизајнирани монитори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.