Најголемиот производител на мобилни процесори во светот, годинава го лансираше прилично успешниот Snapdragon 835, но тие веќе работат на неговите наследници. Имено, според LinkedIn профилот на неколку вработени во компанијата, тие веќе работат на Snapdragon 840, Snapdragon 845 и Snapdragon 855 чиповите од високата класа.

Интересно, меѓу овие информации се спомнува и таа за процес на изработка со транзистори со големина од 7 nm, кој треба да го направи наредниот голем скок во перформансите и кој најверојатно ќе биде претставен со Snapdragon 855 во кон крајот на 2018 година година. Од друга страна, Snapdragon 845 ќе биде претставен на почетокот на наредната година, заедно со делумно послабата верзија Snapdragon 840.

Сите чипови од Snapdragon “800” серијата ќе бидат наменети за смартфони, таблети и лаптопи од високата класа. Првиот уред кој ќе го добие Snapdragon 845 процесорот најверојатно ќе биде Samsung Galaxy S9, исто како што беше случај и минатата година, што ќе се случи на почетокот од март 2018.

За тоа што ќе донесат новите процесори не може со сигурност да се каже, но може да се претпостави дека ќе донесат скок во перформансите, што особено важи за Snapdragon 855, а скоро сигурно ќе имаат и вграден неврален чип како конкуренцијата од Apple и Huawei, односно посебен чип за фотографија.

Извор: TechnoBuffalo, BGR, First Post

Претходна статијаПоследната можност за бесплатна надградба на Windows 10 истекува на 31 декември
Следна статијаXiaomi го надмина таргетот за продажба во 2017 година уште во октомври