snip_20160525030239

Eve Tech е Финска стартап компанија, која развива нов „2 во 1“ уред со Windows 10, заедно со интернет заедницата, со цел да се добие уред кој ќе одговара на вистинските потреби на купувачите на вакви уреди.

Заедницата е целосно вклучена во развојот – од спецификациите до дизајнот. Според досегашниот фидбек, Pyramid Flipper ќе има големина на дисплејот од 12 до 12,5 инчи, Core M процесор од Intel, 8 GB рам меморија и 128 или 256 GB SSD диск. Траењето на батеријата пак ќе изнесува 10 часа.

Во поглед на тоа како треба да изгледа уредот, заедницата има најмногу изгласано за таблет со држач и дополнителна тастатура – исто како кај Surface Pro серијата на Microsoft. Исто така, голем број на заедницата сака и дигитално пенкалце, кое со сигурност ќе биде вклучено во финалниот уред.

snip_20160525030216

Во развојот на Pyramid Flipper се вклучени преку 1.000 членови на заедницата. Платформата досега има постигнато консензус за многу работи и погоре споменатите спецификации и карактеристики на уредот се навистина нешто што го бараат поголемиот број на купувачи.

Благодарение на развојот со помош на заедницата, Eve Tech се надева дека цената на финалниот „2 во 1“ таблет ќе биде пониска од 1.000 долари, која делува коректно со оглед на спецификациите, иако финалните детали се уште не се објавени. Целта е да се продадат 50.000 уреди и потоа повторно ќе се консултира заедницата за наредниот уред на Eve Tech, кој најверојатно ќе биде паметен телефон.

Eve Tech досега инаку лансираше Eve T1 таблет со Windows 8, кој се продаде во 5.000 примероци во првите неколку месеци и кој беше наменет за тестирање и подготовка на целиот проект.

Извор: ZDNet, Eve-Tech

Претходна статијаTwitter ќе овозможи подобро искористување на 140-те карактери
Следна статијаMicrosoft дополнително го намали бизнисот за телефони – ќе отпушти дополнителни 1.850 вработени