iphone-6c-rear-housing-1

Пред скоро две години, Apple за прв пат лансираше два iPhone-и, од кои едниот беше изработен целосно од поликарбонатна пластика и понуден во повеќе бои. iPhone 5C беше исто така поевтин, но имаше и послаб процесор од iPhone 5S, а беше замислен како идеална понуда за помладата популација. Сепак, неговото лансирање се покажа како погрешно и телефонот скоро и да помина незабележано на пазарот.

Според протечени информации, а за кои зборувавме и претходно, Apple би можел повторно да лансира поевтин iPhone, изработен од пластика и наменет за помладите, а кој би им се придружил на двата поголеми браќа. Според фотографиите, телефонот ќе има 4 инчен екран, што е малку чудно со оглед на денешните трендови.

Сепак, во внатрешноста треба да биде вградуван актуелниот A8 чип на Apple, кој барем треба да понуди врвни перформанси, особено бидејќи резолуцијата ќе биде помала во однос на поголемите модели и процесорот ќе има многу помалку пиксели за работа.

iphone-6c-rear-housing-2

И покрај промените под поклопецот, се чини дека iPhone 6C ќе биде скоро подеднаков на 5С однадвор, со мали промени во делот на отворот за блицот, кој е поголем и кој веројатно ќе го има новиот “True Tone Flash” со две LED диоди, а исто така, камерата нема да излегува од телефонот, иако веројатно ќе биде истата како на iPhone 6, со сензорот со 8 мегапиксели.

Ситни промени има и во отворите за звучниците и микрофонот, како и во дебелината, но тоа е тешко забележливо. За разлика од претходникот, iPhone 6C ќе има вграден Touch ID сензор за отпечатоци од прсти, кој недостасуваше во 5C.

Цената на iPhone 6C треба да изнесува околу 100 долари за двегодишен договор во САД, што е половина од цената на iPhone 6 денес. Според слободна проценка, тоа значи дека без договор, телефонот би чинел околу 500 долари. Но, сите овие информации треба да се земат со задршка, особено бидејќи до претставувањето на новите iPhone-и има уште неколку месеци.

Извор: GSMArena, 9to5Mac

Претходна статијаHTC One E9+: Подостапниот брат на One M9
Следна статијаИграјте Pac-Man на која сакате локација на Google Maps