Samsung поднесе апликација за регистрирање на името “Galaxy S8” што значи дека нивниот нов знаменосец ќе го носи тоа име, односно нема да скокне бројка како што тоа го направи со Note линијата од 5 на 7. Покрај тоа, досега најголемото протекување на информации најавува и исклучително мала, скоро непостоечка рамка околу дисплејот, односно само во горниот и долниот дел.

Ова може да се види од дизајнот на предните стакла, кои се протечени од некои од производителите на футроли за смартфоните (тие ги добиваат димензиите на телефонот порано). Рамката во горниот и долниот дел е минимална и кога ќе се вклопи во смартфонот, сигурен сум дека ќе биде незабележлива за окото, бидејќи на смартфонот ќе доминира голем дисплеј – 5,7 кај помалиот и 6,3 инчи кај поголемиот модел.

Од овие протечени фотографии може да се утврди и дека Galaxy S8 ќе доаѓа во две верзии и за прв пат и двете ќе имаат “Edge” дисплеј, односно веќе нема да биде достапен „нормалнио” модел. Сепак, има информации кои велат дека поголемиот модел и натаму ќе го носи “Edge” во името, што е можеби најава за тоа дека ќе има малку поголеми закривувања на краевите.

Супер модерниот дизајн со многу мала рамка горе и доле од дисплејот кај Galaxy S8 ќе биде придружен и со моќни спецификации. Процесорите ќе бидат Snapdragon 835 или Exynos 8895, помогнати од 6 или 8 GB рам меморија и двојна камера во задниот дел. Samsung кај овој модел ќе вложи дополнително време и напори за да биде доверлив, односно за да не се случи експлозија на батеријата како во Galaxy Note 7.

Galaxy S8 сепак нема да биде претставен на Mobile World Congress на крај од месец Февруари, туку малку подоцна. Причината не е позната, но верувам дека е за да развијат што подобар смартфон. Неговите претходници беа претставени токму на саемот во Барселона.

Извор: Forbes, Engadget, The Verge

Претходна статијаИсторија на компанијата Apple – Сон на секој Старт-Ап
Следна статијаXiaomi Redmi 4 е супер евтин, има солидни перформанси и долго траење на батеријата