google-pixel-c-1200

Пред неколку години, Microsoft отвори целосно нова категорија на производи со Surface серијата, наречени „2 во 1“, кои се хибрид меѓу таблет и лаптоп. Иако Google и Apple тогаш се „смееја“ на идејата, сега и тие имаат таков уред во својата гама.

Pixel C е наследник на Nexus 9 и е првиот таблет на Google без Nexus во името. Ова значи дека е повеќе наменет за корисниците на Pixel Chromebook серијата, односно лаптопите на Google со нивниот „десктоп“ оперативен систем. Сепак, со цел да се овозможи подобро искуство при користењето на дисплејот на допир, тука е вграден стандарден Android Marshmallow 6.0 оперативен систем.

Самиот таблет е целосно изработен од алуминиум и има дисплеј со големина од 10,2 инчи и резолуција од извонредни 2560х1800 пиксели, што во превод значи дека има 308 пиксели по инч. Дисплејот има висока осветленост од 500 nits, па можеме да очекуваме дека ќе биде одличен и во денски услови. Екранот има исти пропорции како A4 хартија, што значи дека ќе е добар за работа, но не и за гледање видео содржини, кои ќе се прикажуваат со црни ленти горе и долу.

pixel-c

Во внатрешноста е вграден Tegra X1 процесорот на Nvidia, помогнат од моќната Maxell графика, која треба да овозможи прилично мазно работење и покрај високата резолуција на дисплејот. Таблетот доаѓа и со 3 GB рам меморија, што значи дека лесно ќе може да се работи со повеќе апликации одеднаш, но достапни се модели со само 32 и 64 GB простор за складирање податоци, што е веројатно малку за сите кои ќе го употребуваат овој таблет/лаптоп за посериозна работа. И не, нема простор за micro SD картичка, ниту стандарден USB влез, туку само еден USB Type-C конектор, што е исто така голем недостаток за лаптоп кој Google вели дека е наменет и за работа.

Од друга страна, Google ветува 10 часа траење на батеријата и исклучително квалитетна Bluetooth тастатура, која има копчиња кои даваат добар фидбек при пишувањето и имаат 18,8 милиметри од, што е прилично висока бројка за толку тенка тастатура.

Screen-Shot-2015-09-29-at-12.15.33-PM

За бизнис корисниците веројатно ќе биде ограничување и самиот Android Marshmallow оперативен систем, на кој не може да се работи со две апликации одеднаш, како што може на Windows 10 кај Surface 3, односно во iOS 9 на новиот iPad Pro. Исто така, цената на таблетот изнесува 499 долари за основниот модел, односно 599 долари за моделот со 64 GB простор, а тастатурата се доплаќа дополнителни 149 долари, што ја качува цената во рамките на добар лаптоп со Windows 10 и екран на допир.

Извор: ZDNet, Engadget

Претходна статијаШпанија во замена за сончеви панели за цел свет?
Следна статијаChromecast Audio – добредојден аудио уред за домот