Galaxy-Note-7-Press-Image-12-1280x905

Корејскиот производител последниов месец се наоѓа во проблеми во кои не бил досега – нивниот знаменосец од одделот кој носи најмногу пари, смартфоните, има проблем со запалување на батеријата, што донесе до голем отповик на загрозените уреди. Сега знаеме и дека целиот овој отповик ќе го чини Samsung голема сума на пари и пад на профитот годинава.

Имено, според аналитичарите, годинава Samsung ќе има 8,6% помал профит отколку лани во третата четвртина на годината. Ова значи дека во овие три месеци Samsung ќе има 6,7 милијарди долари профит, што е повеќе од една милијарда помалку од планираното, особено што со лансирањето на Note 7 се очекуваше и покачување на профитот на смартфон дивизијата.

capture

Од друга страна, сѐ уште никој не се дрзнува да предвиди што ќе се случи во иднината и дали купувачите ќе се одлучат на други паметни телефони. Според искуството досега, зависно од начинот на кој производителите го менаџираат целиот отповик, многу од купувачите можат целосно да ги напуштат, но може да се случи и да им дадат уште поголема поддршка. На пример, кај автомобилите, после големиот отповик на педалата за гас на возилата на Toyota, јапонскиот производител немаше голем пад на продажбата и многу купувачи дури дадоа поддршка на производителот, пред се поради искрениот и брз начин на кој тие се справија со проблемот.

Во првото тримесечје од наредната година, Samsung ќе го претстави и новиот S8, кој ќе пристигне порано од очекуваното (верувам без повторно да има проблем со батеријата) и кој според тоа како одат работите, треба да донесе поголеми подобрувања и новитети отколку S7 серијата, која беше само освежување на S6-ките.

Извор: Android Authority, Forbes, ZDNet

Претходна статијаЗдружението на ХМЛ во Р.Македонија го одбележа меѓународниот ден на заболените од Хронична миелоична леукемија
Следна статијаNokia развива интернет со брзина од 1 терабит во секунда