OnePlus е кинеска компанија која стана популарна со продажбата на премиум Android смартфони со популарниот Cyanogen OS. Иако, соработката подоцна беше прекината, па телефоните сега доаѓаат со сопствениот Oxygen OS, телефоните ја задржаа својата популарност поради добрите карактеристики, едноставниот Android систем без многу промени и се разбира карактеристично за кинеските производители, прилично пониска цена од конкурентите.

Наредниот модел од компанијата треба да биде претставен ова лето и тоа на помалку од година дена од претставувањето на претходниот модел, OnePlus 3T.

Од компанијата ги известија сите заинтересирани корисници дека тие ги продаваат последните OnePlus 3T уреди кои ги имаат на залиха, па уште малку овој модел нема да може да се купи, освен се разбира на старо.

OnePlus 5 се очекува да дојде со најновиот моментално достапен чип од Qualcomm, односно Snapdragon 835, 6-8 GB RAM меморија, Quad HD екран, а според најновите протечени информации, двојна камера на задната страна.

Извор: TechnoBuffalo, Inquisitr, OnePlus

Претходна статијаApple спрема посебен чип за iPhone кој ќе овозможи „вештачка интелигенција“
Следна статијаGoogle додаде Personal лента во резултатите од пребарување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.