Веројатно најпопуларниот кинески производител кај смартфон ентузијастите, OnePlus, годинава го лансираше моделот OnePlus 5, кој има врвни перформанси, одлично траење на батеријата, солидна камера и фина изработка за цена од само 500 евра. Сепак, дисплејот на телефонот има само Full HD резолуција растегната на 5,5 инчи и прилично голема рамка, што е веќе „недостаток“ во 2017 година.

Сепак, според информациите од Android Authority, кои тврдат дека фотографијата која ја прикажуваат е пратена од OnePlus, нивниот нов модел 5T ќе има сличен дизајн во задниот дел, веројатно и исти димензии, но напред ќе има 6 инчен дисплеј со 18:9 сооднос, резолуција од 2160х1080 пиксели и минимална рамка во долниот и горниот дел. На овој начин, подобрениот OnePlus 5T би бил многу посериозен натпреварувач на премиум смартфоните како iPhone X, Samsung Galaxy Note 8/S8+, Huawei Mate 10 Pro, Pixel 2 XL и Xiaomi Mi Mix 2.

Не е тешко да се претпостави дека останатите компоненти ќе бидат слични на OnePlus, па очекувајте дека процесорот ќе биде Snapdragon 835, помогнат од 8 GB рам меморија и 128 или 256 GB простор за податоци. Назад камерата повторно ќе биде двојна и веројатно со мали подобрувања, додека читачот за отпечатоци сега ќе биде сместен во задниот дел. Останува само да видиме дали и батеријата ќе биде поголема – засега, OnePlus 5 е еден од телефоните со батерија која најдолго трае со едно полнење.

Сѐ уште нема најави за тоа кога ќе биде претставен OnePlus 5T, но очекувам тоа да се случи во наредните неколку месеци. Цената скоро сигурно ќе биде покачена во однос на OnePlus 5, но повторно ќе биде пониска од таа на главните конкуренти во премиум класата.

Извор: Android Authority, The Next Web, NDTV

Претходна статијаПроблемите со дисплејот на Pixel 2 XL би можеле да го уништат хардверскиот проект на Google?
Следна статијаFacebook тестира поделба на листата со новости на два дела