Samsung објави дека наскоро ќе ги објави резултатите од истражувањето за тоа што предизвикуваше експлозија, односно самозапалување на батериите кај Galaxy Note 7. Според информациите од Reuters кои ги имаме во моментов, проблемот лежи во батеријата, а не во дизајнот како што се зборуваше претходно.

Да потсетиме, Samsung поради проблемот целосно го повлече Galaxy Note 7 од производство, што имаше големи реперкусии на довербата на купувачите, но и пад на профитот на компанијата од 5,2 милијарди долари. Проблемот со палење на батеријата постоеше уште од самиот старт и Samsung прво се обиде да го среди со надградба на софтверот, а потоа и со промена на проблематичните батерии. Сепак, дури и новите батерии се самозапалуваа, а Samsung не знаеше која е причината.

Во меѓувреме, Samsung ги исплати сите купувачи на овој смартфон, односно сите кои се одлучија да го заменат – во САД таа бројка изнесува многу солидни 96%. Кај нас немаме информација за тоа колку купувачи го вратиле својот Galaxy Note 7 кај операторите или пак мобиларите, но се надевам дека таа бројка е прилично висока, бидејќи сепак се работи за безбедност.

Официјално, Samsung за овој проблем и резултатите од истражувањето би требал да се обрати на 23 Јануари, еден ден пред компанијата да ги објави резултатите од заработката во последните три месеци на 2016 година.

Извор: Reuters, ZDNet, The Next Web

Претходна статијаSurface Phone ќе има свитлив дисплеј и ќе може да се претвори во таблет и лаптоп?
Следна статијаAirbus ќе претстави летечки автомобил до 2018