xxl_google-nexus-sailfish-970-80

Многумина од нас очекуваа новите Nexus телефони да пристигнат заедно со Android Nougat 7.0 надградбата, но тоа сепак нема да се случи. Имено, според нови информации од Дејвид Рудок од Android Police, Google планира да ги претстави новите два телефони со лансирањето на Android Nougat 7.1, кој е неколку месеци далеку и кој треба да донесе неколку нови функционалности.

Најголема функционалност ќе биде веројатно новиот Nexus Launcher, кој ќе ги дистанцира телефоните на Google од останатите Android телефони на пазарот. Покрај ова, Nexus телефоните ќе ги добијат сите нови можности на Nougat, како на пример онаа за користење на две апликации одеднаш.

Двата телефони со кодно име Marlin и Sailfish инаку ќе имаат прилично карактеристичен дизајн, со заден дел поделен на 40% стакло и 60% алуминиум. И двата уреди ќе бидат изработени од HTC, што значи дека може да се очекува квалитетна и луксузна изработка, а ќе биде проширена и понудата на бои со сребрено – бела и електрична сина.

Перформансите ќе бидат исклучителни – поголемиот Marlin ќе има Snapdragon 821, 4 GB рам, 32 GB простор, 5,7 инчен Quad HD дисплеј и батерија од 3.450 mAh, со камери од 12 мегапиксели назад и 8 мегапиксели напред. Помалиот Sailfish пак ќе има Snapdragon 820, 4 GB рам, 5 инчен дисплеј со Quad HD резолуција, батерија од 2.700 mAh, задна камера со 13 мегапиксели и предна со 8 мегапиксели.

Извор: Techno Buffalo, Phone Arena, BGR

Претходна статијаНа Стив Вознијак не му се допаѓаат гласините за тргањето на приклучокот за слушалки од новиот iPhone
Следна статијаScandy Pro е 3D скенер за вашиот телефон