Минатата година Google за прв пат лансираше телефони под Pixel брендот. Овие уреди беа добро прифатени од критичарите, а особено многу беа пофалени камерата и перформансите на чистиот Android. Сепак, сите се сложија дека дизајнот е потпросечен, со задниот дел изведен во стакло и метал дел и супер големата рамка околу дисплејот.

Затоа, Google скоро сигурно најмногу внимание кај новиот модел ќе посвети на дизајнот. Според она што го знаеме, новите модели ќе имаат многу, многу помала рамка, која веројатно ќе биде слична на онаа на LG G6. Задниот дел повторно ќе биде изведен во два материјали – алуминиум и стакло, со таа разлика што сега е можно да има и двотонска изведба, која би можела да собере голем број на фанови.

YouTube каналот Concept Creator дури направи и 3D рендери според она што го знаеме за Pixel 2 и мора да се признае дека тие изгледаат фантастично. Да, Pixel 2 телефоните може нема да изгледаат целосно подеднакво на овие рендери, но добро е да се знае дека дизајнот ќе добие малку поголемо внимание од претходниците.

Засега, сите овие најави се однесуваат само на Pixel 2 XL, односно поголемиот телефон – помалиот најверојатно ќе има дизајн кој ќе биде сличен на претходникот, со поголема рамка околу дисплејот.

Двата нови Pixel смартфони веројатно ќе биде претставени на крајот од септември или почетокот на октомври, односно откако ќе помине целото Galaxy Note 8 и iPhone 8 лудило.

Извор: The Next Web, Slash Gear, BGR

Претходна статијаПравилниот избор на пневматици важен за безбедноста во сообраќајот
Следна статијаMicrosoft и Johnson Controls лансираат паметен термостат наречен GLAS