Новите смартфони на Google, кои треба да бидат лансирани оваа есен и кои според успехот на нивните претходници би требало да бидат вистински трн во окото на Apple и Samsung, ќе донесат неколку значајни новитети, од кои поголемиот дел ќе бидат преземени од линијата на смартфони на HTC, бидејќи тие ќе бидат компанијата која повторно ќе ги изработува овие смартфони и со кои Google соработува и на дизајнот.

Ова значи дека Pixel 2 смартфоните ќе имаат и стислива рамка, исто како кај HTC U11, со која ќе може да се контролираат одредени функции на смартфонот. Ова не е особено голема вест – сигурен сум дека вљубениците во Pixel линијата и чиста, ванила верзија на Android сакаат да видат дисплеј со многу мала рамка во предниот дел (сигурно ќе биде помала од досегашната), но тоа најверојатно нема да се случи, бидејќи HTC моментално ја нема потребната технологија за таков телефон.

Понатаму, овие информации велат дека големината на дисплеите на двата телефони ќе биде 4,97 инчи за помалиот Pixel 2 и 5,99 инчи за поголемиот Pixel 2 XL. И двата екрани ќе имаат висока Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели, кои најверојатно ќе бидат OLED и ќе бидат произведени од LG.

Во внатрешноста ќе се вградува Snadpragon 835 процесор, помогнат од 4 GB рам меморија и 128 GB простор, што се прилично стандардни спецификации за Android смартфон од високата класа.

Google Pixel 2 и Pixel 2 XL најверојатно ќе бидат претставени оваа есен, заедно со лансирањето на новата Android O верзија на популарниот оперативен систем.

Извор: Tech Spot, Techno Buffalo, Forbes

Претходна статијаНаучниците се чекор поблизу до енергија од нуклеарна фузија
Следна статијаКритична маса #62: Заспана контрола – сообраќај чудовиште!