Screenshot_2

Јапонскиот гигант уште повеќе не збунува со своите паметни телефони – сега лансираат нова, “X” линија на уреди, кои во многу параметри ја надминуваат “Z” линијата, но сепак, не се работи за телефони кои ќе бидат знаменосци.

Главниот фокус кај овие модели е во дизајнот и камерата – сите се целосно изработени од алуминиум, што е прв пат за еден Sony смартфон – “Z” линијата е изработена од алуминиумска рамка и стакло. Дизајнот е прилично стандарден, но во очи паѓа малата рамка околу дисплејот. Има и некои мали детали кои придонесуваат за полесно држење на смартфоните, како искривеното стакло на краевите, но не очекувајте дека и дисплејот ќе биде заоблен, како во Galaxy Edge серијата.

Најмоќниот уред во понудата е Xperia X Performance. Се работи за првиот уред на Sony со Snapdragon 820 процесор, што значи дека тоа е најмоќниот нивни смартфон во понудата. Чипот е помогнат од 3 GB рам меморија и 32 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Она што го прави овој модел особено моќен, како што навестува неговото име е тоа што има 5 инчен дисплеј со Full HD резолуција – чипот нема да мора да придвижува толку многу пиксели како Quad HD екраните на конкуренцијата и ова би можел да биде најбрзиот Android смартфон на пазарот.

Screenshot_1

Обичниот Xperia X модел, пак се разликува во однос на “Performance” моделот по тоа што во него работи Snapdragon 650 процесорот, кој и покрај тоа што е пониска серија, би требал да се покаже како перфектно способен за мазно и брзо работење со оперативниот систем. Мала разлика има и во батериите кај двата телефони – помоќниот има 2.700 mAh, додека послабиот 2.620 mAh. И двата модели пак имаат читач за отпечатоци на прстите.

Главен адут на овие два модели, покрај дизајнот е камерата – Sony тука го има вградено најновиот сензор од својот арсенал со 23 мегапиксели, кој има и супер брз фокусен систем што може да го предвиди движењето на субјектот преку посебни алгоритми.

gsmarena_008

Од Sony велат дека зад камерата стои тимот што ги изработува професионалните “Alpha” камери, што значи дека не би требало да се сомневаме во квалитетот. И двата модели не поддржуваат снимање на 4K видео (само 1080p), што е чудно, особено за “performance” моделот, кој има доволно моќен процесор. Предните камери пак имаат одлични 13 мегапиксели – одлична вест за селфи фановите.

Покрај овие два моќни уреди, Sony претстави уште еден смартфон од “X” линијата, наречен Xperia XA, кој ќе биде наменет за оние со поплиток буџет. Овој смартфон исто така има алуминиумски дизајн, но дисплејот со 5 инчи има само HD резолуција, додека процесорот е MediaTek MT6755, помогнат од 2 GB рам и 16 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. Задната камера тука има 13 мегапиксели, додека предната има 8 мегапиксели.

xperiaxa

Сите “X” модели ќе доаѓаат со инсталиран Android Marshmallow оперативен систем и имаат посебни оптимизирања за намалување на потрошувачката на енергија – Sony ветува дека лесно ќе се извлечат 2 дена користење. Ќе бидат достапни 4 бои – црна, бела, зелена и розе-златна, но Sony сеуште нема објавено датум кога ќе почне да се продаваат овие уреди, а не ги знаеме ниту цените. Сепак, според досегашното искуство, не очекувајте да бидат особено евтини.

Покрај смартфоните, Sony претстави и „паметна“ Bluetooth слушалка наречена Xperia Ear, која покрај тоа што може да послужи за правење повици, може и да и диктирате различни команди, а и таа самата да чита пораки, да го кажува времето, нотификациите итн. Слушалката има посебен вграден чип и батерија која може да издржи цел ден користење.

xperiaear

Извор: PCWorld, Engadget, CNET

Претходна статијаHuawei MateBook е супер лесен и тенок таблет/лаптоп со Windows 10
Следна статијаИнтел го забрзува патот до 5G