Nokia ќе се врати на пазарот на паметни телефони наредната година и според сите показатели, првите модели би можеле да ги видиме многу набрзо. Еден од нив ќе биде TA-1000 (сертифициран во Кина, веројатно со кодно име), модел за кој нема многу информации, но кој веројатно нема да биде меѓу оние од повисоката класа.

Ова е и добра информација за нашите купувачи – Nokia сигурно ќе има паметен телефон во портфолиото кој ќе има пониска цена и ќе може да се понуди бесплатно со договори кај операторите. Се надевам дека во неговиот успех на пазарот ќе помогне и брендот, на кој купувачите кај нас сѐ уште длабоко му веруваат.

Единствена официјална информација од сертификацијата за кинескиот пазар за овој уред е дека ќе има стандардно полнење на батеријата од 5 волти и 2 ампери, но од протечени информации знаеме дека тој ќе се вика Nokia E1. Ова веројатно ќе биде еден од почетните модели во понудата на Nokia и ќе има 5,5 инчен дисплеј, Snapdragon 212 процесор и 1 GB рам меморија.

За разлика од многу други модели од ниската класа, Nokia E1 скоро сигурно ќе доаѓа опремен со Android Nougat 7.0, што е одлична вест за евтин смартфон. За производството на овој, како и на сите други Nokia смартфони кои ќе бидат лансирани наредната година, ќе се грижи компанијата HMD Global.

Извор: GSM Arena, Android Headlines, Nokia Power User

Претходна статијаBuzz shop е нова димензија во урбаното скопско живеење
Следна статијаЕве како сѐ уште можете бесплатно да надградите на Windows 10