Бекап телефон кога ќе ви се истроши батеријата на главниот е прилично корисна работа, особено ако сте човек кој е многу често надвор од електричната мрежа. За таков телефон, одличен избор би биле новите мобилни телефони на Nokia, односно актуелниот сопственик на правата за името HMD Global, кои имаат исклучително ниски цени и кои буквално секој може да си ги дозволи.

Навистина, цените по кои ќе се нудат Nokia 105 и Nokia 130 се луди – првиот модел ќе чини 14,5 долари, што кај нас би било околу 800 денари, додека вториот чини 21,5 долари, што кај нас е околу 1.200 денари. Интересно, доплатата за dual SIM верзија е само 0,5 долари, што значи дека не треба ни да се размислува дали да доплатите.

Од телефоните нормално не смее да очекувате многу – и двата имаат 1,8 инчен дисплеј во боја и нумеричка тастатура, со тоа што Nokia 130 има слот за micro SD картичка и дури и камера назад и Bluetooth. Јас би рекол дека благодарение на овие две функционалности, овој телефон е одлична опција и за преносен музички плеер, особено што траењето на батеријата е мега долго – од HMD Global ветуваат 1 месец во стендбај и кај двата телефони (800 и 1.020 mAh батерија). Како многу вакви телефони на Nokia од минатото, подобриот модел Nokia 130 е опремен со корисна LED светилка.

Извор: Venture Beat, NDTV, GSM Arena

Претходна статијаGoogle Glass се враќаат како Enterprise Edition, ќе бидат наменети за професионалците
Следна статијаChrome OS добива редизајн наменет за дисплеите на допир