Минатата година, популарната полиција на Њујорк се одлучи да ги опреми вработените со Windows Phone смартфони, што уште тогаш се чинеше како лош потег, иако беше оправдано со безбедноста и одличната заштитеност од напади на овие телефони, како и вложувањето во специјални апликации за Windows.

Сепак, оваа одлука не издржа долго и тие сега ќе ги заменат сите Windows паметни телефони со iPhone-и.

Причината зошто ќе се префрлат на iPhone сѐ уште не е целосно позната, бидејќи според нивните објаснувања, користењето на Windows Phone ги направило вработените во полицијата попаметни, побрзи и поагилни во одговарањето на 911 повици (192 кај нас), за 8% споредно со периодот пред да бидат опремени со овие смартфони.

Сепак, не е тешко да се погоди дека промената на сите 36.000 Windows Phone паметни телефони е поради тоа што Microsoft престана да го поддржува Windows Phone 8.1 како оперативен систем, што ги прави полицајците и останатите вработени во полицијата ранливи на напади.

Сѐ уште не е ниту познато со какви iPhone-и ќе бидат заменети сите 36.000 смартфони, но со оглед на тоа што претходно беа користени Nokia Lumia 830 и Nokia Lumia 640 XL, не очекувајте тоа да биде iPhone 8, ниту пак 7S или 7S Plus. Јас повеќе би се обложил на некои постари модели, како iPhone 6S и 6S Plus.

Извор: MacRumors, Engadget, USA Today

Претходна статијаНово партнерство – “20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“
Следна статијаAsus лансира матична плоча за „копање биткоини“, која поддржува 19 графички картички