iphoneconceptimage

Според нови информации од вработен во Apple, наредната година iPhone ќе ги доживее најголемите промени откако беше зголемен на 4,7 односно 5,5 инчи и поради тоа, наместо iPhone 7S, ќе се вика iPhone 8. Новиот телефон веќе се развива во Израел, каде Apple има свој развоен центар.

Најавените промени вклучуваат многу работи кои реално требаше да бидат претставени многу порано. Така, iPhone 8 веројатно конечно ќе има мала рамка околу дисплејот, односно тој ќе се простира од крај до крај, како што е случај со скоро сите други Android конкуренти. Ова ќе овозможи и намалување на целосните димензии на телефонот, со задржување на големината на дисплеите. Исто така, најавено е дека можно е новите телефони да имаат и “Edge” дисплеј како кај Samsung.

За да се задржат малите димензии, читачот за отпечатоци на прстите ќе биде сместен под предното стакло, но веројатно не во самиот дисплеј како што беше претходно очекувано. Ваков читач за отпечатоци веќе има во новиот Xiaomi Mi 5s, што значи дека и тоа нема да биде пионерска технологија, но секако ќе биде добредојдена. Големи промени ќе има и во камерата, која веројатно ќе има повеќе мегапиксели и поголем сензор.

Сето ова треба да се земе со задршка – информациите се во најмала рака непроверени. Сепак, доколку Apple сака да го задржи моментумот со iPhone, наредната година навистина мора да претстават многу големи промени во својот најпродаван модел, пред се поради се поголемиот притисок од Android конкуренцијата, а особено од Кина.

Извор: Techno Buffalo, Tech Radar, Business Insider

Претходна статијаHuawei Mate 9 ќе има 6 инчен дисплеј, двојна 20 MP камера и моќен Kirin 960 чип
Следна статијаVolta е наредната генерација на графика од Nvidia, насочена кон автономните возила