moto-x-style-2-640x355

Своевремено еден од најголемите светски производители на паметни телефони, Motorola, пред една година беше купен од кинескиот гигант Lenovo за 2,91 милијарда долари. Сепак, ова не донесе значајни промени, односно двете компании продолжија со лансирање уреди карактеристични за брендот, што пак резултираше со пад на продажбата, особено кај Lenovo.

Кинескиот производител, како и што веројатно требаше да направи уште веднаш, сега ќе го искористи знаењето на Motorola во дизајнот и развојот на нови паметни телефони, со цел да ја зголеми продажбата на своите модели.

Имено, Lenovo пред две години беше меѓу 5-те најголеми производители на паметни телефони, но годинава падна на листата, пред се поради тоа што многу други кинески компании нудат поиновативни и помодерни решенија.

Со препуштањето на мобилната дивизија на Motorola, според директорот на Lenovo, Чен, кинескиот производител ќе може да понуди паметени телефони кои ќе можат да се издвојат од толпата, нешто што актуелните модели не успеваат да го постигнат.

Интересно, Lenovo веќе има посебна дивизија за вакви телефони, која беше неодамна лансирана, а која се вика ZUK, но истата е во соработка со посебен стартап и веројатно нема да има врска со новите модели на компанијата.

За оние загрижените за Motorola, пак, добрата вест е што оваа компанија и натаму ќе има контрола над развојот на своите уреди, па и натаму треба да очекуваме телефони со високо ниво на персонализација и чиста верзија на Android оперативниот систем.

Извор: PC World, Ubergizmo, Pocketnow

Претходна статијаНови детални фотографии од првиот BlackBerry со Android
Следна статијаSamsung Galaxy S6 се полни најбрзо од сите мобилни во класата, iPhone 6 последен!