2-22

Модуларниот телефон Ara на Motorola, односно сега Google, повторно ја изненадува јавноста со нови карактеристики кои го прават овој проект чекор поблиску до реализација. Новитетот е дека корисниците ќе можат да ја сменат батеријата или било кој друг модул без да имаат потреба од исклучување на својот уред, нешто што се нарекува hot-swapping.

Секако за да се покаже големиот напредок во работата со овој концептуален телефон, директорот на проектот Ara исто така потенцираше дека сите модули ќе можат да се менуваат додека уредот е вклучен, а единствено и логично hot-swapping да не биде возможен на процесорот и на екранот.

DSC07424

Има повеќе примери за тоа како овој принцип на hot-swapping може да биде од бенефит за корисникот. Еден таков е со меморијата, што до одредена мера е достапно и изводливо кај повеќето паметни телефони. Сепак кога се зборува за Ara, тогаш претпоставуваме дека менливите плочки ќе бидат внатрешната меморијата, а не мемориска картичка SD што пак со овој проект добива една друга димензија. Можеби додека фотографирате не сте задоволни од квалитетот на камерата, при што веднаш ќе можете да ја замените со подобра, секако без потреба да го исклучувате телефонот.

Screen-Shot-2014-02-27-at-11.43.22-AM

Еременко на својот говор во Калифорнија потенцираше дека модулите за Ara ќе се продаваат на онлајн продавница нешто слично како Google Play Store. Она што е исто така познато е дека првата генерација на телефони Ara ќе работи на модифицирана верзија на Android L.

Она што од претходно е познато е дека цената на модуларниот телефон ќе се движи околу 50 долари што мора да признаеме е доста примамлива сума. Сепак се уште не се познати цените на различните модули со кои ќе може да се надогради телефонот. Уредот Ara се очекува официјално да биде претставен во Јануари каде што ќе се презентираат уште низа новитети за овој интересен телефон.

Извор: Engadget

Претходна статијаMicrosoft го одржува најавениот Windows 9 настан денес во 19 часот
Следна статија„Мајка“ ќе се погрижи вашиот дом да стане паметен