Surface Phone веќе стана митски уред, кој неколку пати веќе требаше да биде претставен, но кој се’ уште го нема на пазарот. Сепак, сите информации алудираат на тоа дека Microsoft дефинитивно работи на ваков уред, а надежите ги подгрева нов патент за таблет/телефон со два дисплеи кој може да се превиткаат на половина, нешто што перфектно добро одговара на тоа како публиката го замислува тој уред.

Овој патент повеќе личи на таблет, што не значи дека нема да може да биде применет на помал уред. Идејата, за разлика од другите патенти на Microsoft, не е самиот дисплеј да се витка, туку да има два дисплеи, кои кога ќе се склопат заедно нема да има простор меѓу нив. Поточно, патентот е за специјален механизам кој ќе го овозможи тоа.

Ова решение е многу поверојатно дека ќе биде изведено доколку Surface Phone биде лансиран наредниве неколку месеци или до година дена, бидејќи свитливите дисплеи очигледно уште не се спремни за пазарот. Механизамот е инаку прилично интересен. Двата дисплеи се закривени на краевите, што прави ефект на намалување на просторот меѓу двата дисплеи.

Според Microsoft, оваа технологија може да се искористи кај помали, но и кај поголеми дисплеи, како на пример големите дисплеи поставени на стадионите, кои се составени од повеќе помали монитори. Со оваа технологија, црните граници меѓу мониторите не би требало да бидат забележливи.

Сепак, јавноста верувам е многу повеќе заинтересирана за Surface Phone и како оваа технологија би можела да биде применета таму. Според овој патент, технологијата може да биде применета и на помали дисплеи и лично не гледам причина зошто Microsoft не би направил Surface Phone кој може да се претвори во таблет, а потоа и во лаптоп со дополнителна тастатура. Сепак, финалниот уред може да е целосно различен и сето ова да е само еден патент кој нема да најде некоја поголема примена.

Извор: Windows Central, IBT, WCCFTech

Претходна статијаXiaomi Mi 6 Plus ќе има двојна камера?
Следна статијаПознати тројцата победници на натпреварот за млади претприемачи од Западен Балкан