Nokia-Lumia-830-hero1-jpg

Во рамките на IFA 2014 настанот кој што се одржува во Берлин, Microsoft претстави три нови Lumia модели од средната класа. Од компанијата ги претставуваат како модели со достапна цена, но со карактеристики од високата класа, меѓутоа логично телефоните се во рамките на тоа што би го очекувале за нивната цена. Моделите кои што беа претставени се Lumia 830, како и најавуваниот selfie модел Lumia 735 кој што доаѓа и во верзија со 2 SIM картици и го носи името Lumia 730.

Nokia Lumia 830 е наследник на Lumia 820, па очекувано има одредени сличности, но и подобрувања. Lumia 830 доаѓа со 5 инчен ClearBlack IPS LCD екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели и нивна густина од 296ppi. Доаѓа со супер осетливиот екран познат за моделите од Nokia кој што овозможува негово користење со ракавици, на пример. Исто така доаѓа со поддршка за безжично полнење преку Qi стандардот.

Телефонот доаѓа со Snapdragon 400 Quad-core 1.2GHz процесор и 1 GB RAM меморија. Внатрешната меморија изнесува 16 GB, а може да се прошири со microSD картица до 128 GB. Главната камера е со 10 мегапиксели, додека предната 0,9 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 2.200 mAh.

Nokia Lumia 830 може да се каже дека е добар наследник на 820-ката и вклучува подобрувања во деловите кои што беа слаба страна на претходникот. Треба да биде достапен глобално од овој месец и ќе се продава по цена од околу 330 евра.

Lumia-735-hero1

Другиот модел е најавуваниот кој што е наменет за љубителите на selfie сликите, нешто што е доста популарно во последно време, а достапни се такви модели и од конкуренцијата. Доаѓа во две верзии, односно Lumia 730 кој што има поддршка за 2 SIM картици, како и 735 кој што доаѓа со поддршка за LTE конекција. Овие модели доаѓаат со 4,7 инчен ClearBlack OLED екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели и нивна густина од 316 ppi. Процесорот е Qualcomm Snapdragon 400 со Quad-core 1.2GHz. RAM меморијата вклучува 1 GB, а внатрешната 8 GB со можност за проширување до 128 GB преку microSD картица.

Поради тоа што се работи за модели наменети за сликање на selfie слики, предната камера вклучува сензор со 5 мегапиксели, како и широко аголни леќи од f/2.4. Задната главна камера доаѓа со 6,7 мегапиксели. Microsoft со овие модели претстави и нова апликации, Lumia Selfie, која што овозможува лесно сликање на ваквите слики, како и интересни ефекти кои што можете да ги додадете на сликите по сликањето. Ефектите вклучуваат неколку од веќе стандардните ефекти слични на тие во Instagram, меѓутоа и неколку специфични како можноста за зголемување на очите, избелување на забите и слично.

Lumia 730/735 моделите исто така треба да бидат глобално достапни од овој месец и ќе се продаваат по цена од околу 199/219 евра.

Претходна статијаSony претстави три нови модели, меѓу кои Xperia Z3
Следна статијаSamsung го претстави Gear VR, сет за виртуелна реалност кој се поврзува со Note 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.