Можеби Windows Phone, подоцна Windows Mobile платформата никогаш не успеа да постигне некаков посебен успех, а сега и официјално е означена како „мртва“, но информациите поврзани со тоа што повеќе можело да се направи се секогаш интересни.

Не е првпат да прочитаме за нешто на коешто од компанијата имаат работено кои доколку станело реалност, популарноста на платформата би имала поголема шанса за успех, ако не друго.

Порталот специјализиран во следење на информации поврзани со Microsoft, Windows Central, дојде до уред на којшто имаат работено од компанијата кој е направен во стил којшто оваа година стана главен кај најскапите модели како S8, Note 8 и iPhone X.

Се работи за прототип наречен Lumia „Vela“ и истиот е направен со многу мали рамки околу екранот. Уште поинтересно е што овој уред требало да биде од ниската класа и да има цена пониска од 200 долари.

Сепак од компанијата се одлучуваат да го откажат пуштањето на овој модел, па наместо тоа тие го пуштаат ништо посебниот Lumia 435.

Ваквите информации според мене покажуваат дека од компанијата го имаат започнато процесот на откажување на мобилната платформа на Windows уште од порано. Дали тоа било планирано или склоп на околности не знаеме, меѓутоа дефинитивно фалело желба, барем на повисоките нивоа во компанијата.

Претставувањето на еден ваков уред во тоа време, па со ниска цена, сигурно ќе предизвикаше поголем интерес кај корисниците, па можеби Windows Phone ќе имаше подобра шанса да им конкурира на одличните и етаблирани конкуренти.

Извор: Windows Central, PhoneDog

Фото: Windows Central

Претходна статијаКако ќе изгледа Windows 10 со Fluent Design во Fall Creators Update
Следна статијаКорисниците од САД сега може да нарачуваат храна преку Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.