Соработката на Samsung и Microsoft се чини дека ја достигнува својата кулминација со новиот Galaxy S8. Како што е познато, двете компании соработуваат веќе подолго време, што корисниците лесно можеа да го забележат по Microsoft апликациите кои беа вградени како основни во голем број модели на Samsung мобилни уреди.

Но, со новиот Galaxy S8 двете компании отидоа чекор понатаму, па сега, Galaxy S8 ќе биде достапен и во својата Microsoft Edition верзија. Како што е лесно да се претпостави, Microsoft Edition ќе ги вклучува препознатливите пакети апликации на Microsoft, како Office, OneDrive, Outlook и Cortana.

Двете варијанти, обичната и Microsoft едицијата ќе бидат достапни за двата модели, односно Galaxy S8 and Galaxy S8+. Microsoft персонализираниот софтвер ќе биде достапен за превземање штом уредот се поврзе со WiFi, додека стандардниот софтвер ќе вклучува дел од Microsoft апликациите, како и ред други препознатливи за овој бренд.

Соработката, всушност се темели на идејата двете компании да им понудат на корисниците сет од таканаречени продуктивни апликации. Според досегашните информации промоцијата на новиот уред ќе се одржи на 21-ви април.

Извор: Engadget, ZDNet

Претходна статијаСелфи фотографиите можат да откријат ретка генетска болест
Следна статијаBlackBerry како бренд ќе се појавува на многу повеќе различни уреди