LMS_icon

Една од најпознатите компании која развива безбедносен софтвер за Android, Lookout, објави дека има откриено малициозен софтвер кој што доаѓа пред инсталиран со некои од евтините модели на паметни телефони наменети за пазарите на земјите во развој.

Малициозниот софтвер е наречен DeathRing и доаѓа инсталиран во форма на апликација за симнување на рингтонови, секако нешто што повеќето корисници го сметаат за корисно. Се разбира, наместо да му овозможи на корисникот симнување на интересни рингтонови, апликацијата е се поврзува со нејзиниот сервер по што може да инсталира и додатни апликации по потреба. Содржината од серверите ја симнува прек SMS или WAP, по што може да собира информации од корисникот.

Бришењето на овој малициозен софтвер моментално не е можно, поради тоа што се наоѓа заедно со системските фајлови од оперативниот систем. Инсталирањето на софтверот се верува дека се случува во некој дел од синџирот на достава на уредите во продажбата.

Уредите во кои што досега е откриен DeathRing софтверот во главно се продаваат во азиските и афричките земји, па моментално оваа информација можеби и не ги засега нашите корисници директно.

Како и да е, ова покажува дека со огромното користење на паметните телефони, веќе PC компјутерите не се единствената цел на програмерите на малициозен софтвер. Најдобар начин за заштита од ваквите појави е купување на уреди од места кои што важат за сигурни, доколку веќе се купува поевтин модел.

Извор: Lookout, ZDNet

Претходна статијаОваа четка за заби ќе ви помогне полесно да ја исплакнете устата
Следна статијаИграјте додека чекате семафорот за пешаци да се вклучи на зелено
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.