Вториот по големна корејски производител никако да излезе од сенката на Samsung – иако на почетокот на годината се чинеше дека тие ќе имаат победник во LG G6, главниот конкурент Galaxy S8 кратко после него ги украде сите насловни страни и тоа не се промени до ден денес.

LG сепак веќе трета година по ред ќе има адут во “V” линијата на смартфони, која е исто така од високата класа и која за поголемиот број на купувачи, нуди многу повеќе можности и функционалности.

Така, претходните два модели имаа дополнителен дисплеј во горниот дел, подобрени фотографски можности и особено подобро снимање на видео запис со мануелни контроли, одлично снимање на звук и врвна репродукција на звук.

Засега нема целосни информации за тоа што се ќе понуди новиот модел V30, но може да се претпостави дека вториот дисплеј во горниот дел нема да го има, бидејќи рамката околу дисплејот ќе биде многу мала.

Од останатите функционалности на претходниците, очекувајте да ги има сите – нив особено многу ги сакаат ентузијастите, чиј избор неретко е “V” серијата.

Како и да е, се за овој смартфон ќе дознаеме многу наскоро – LG би го претставил на домашниот пазар на 15 септември, додека продажбата на другите пазари ќе почне на 28 септември. Кај нас очекувајте малку да закасни, како и по обичај.

Извор: Pocket Now, CNET, Android Authority

Претходна статијаAMD ги претстави супер моќните Radeon RX Vega графички карти
Следна статијаДополнителна потврда дека Apple работи на систем за препознавање на лицето на корисникот