Thinkpad_8_Lenovo_CES

Lenovo го претстави овој таблет на годинешниот CES 2014 настан, а од оваа недела е пуштен и во продажба. Според нас ова е меѓу поубаво дизајнираните таблет компјутери кој работат на Windows 8.1. Наменет е за бизнис корисниците, меѓутоа сепак не гледаме зошто не би бил популарен и кај домашните корисници.

Lenovo ThnikPad 8 е таблет компјутер со 8,3 инчен екран и со Full HD резолуција од 1920 x 1200 пиксели. Има одлична изработка која остава доста квалитетен впечаток. Направен е од машински исечен алуминиум. Работи на најновата генерација на Atom процесори од Intel, односно моделот Intel Z3770 Quad Core. Поради користењето на ваков процесор иако мал, овој таблет компјутер доаѓа со инсталирана целосна верзија од Windows 8.1, односно Pro верзијата. Тоа значи дека тој може да се користи како било кој друг лаптоп или десктоп компјутер, без никакви ограничувања во типот на апликации што може да се користат.

[showcase id=”4081″]

ThnikPad 8 доаѓа со избор од повеќе додатоци од кој што покрај можноста за поврзување на тастатура, најинтересен е cover додатокот. Тој преку магнет се закачува на таблетот, како и кај многу други модели, но има можност да се превитка на ќошот каде што се наоѓа камерата, после што таа автоматски за вклучува.

Според Lenovo батеријата може да издржи до 8 часа работа. Цената на овој таблет почнува од 430 долари, а соодветно се зголемува со додавање на некои од можните додатни карактеристики.

Lenovo ThinkPad 8 технички карактеристики

ПроцесорIntel Z3770 Quad Core (2MB Cache, до 2.39GHz)
Оперативен системWindows 8.1 Pro
Софтвер за продуктивностOffice Home & Student 2013
Microsoft Office Trial
ГрафикаIntel HD Graphics (Gen7), DX 11, OCL 1.1 & Open GL 3.2, HDCP 1.4/2.1
Intel GFX with Burst Technology, Full HW acceleration, FHD 1080P@60
Меморија2GB 8500MB PC3 DDR3 RAM меморија
64 или 128 GB надворешна меморија
Веб камера2.0MP - 720P
БатеријаДо 8 часа
КамераПредна: 2 MP (HD1080p)
Задна: 8MP (HD1080p) со Auto Focus и Flash
Димензии13,18 x 22,43 x 0.9 cm
Порти1 x USB 3.0
Micro HDMI 1,4a
MicroSD слот
Дата конекцијаWi-Fi, LTE
Bluetooth

 

Претходна статијаМожно е намалување на промените и апликациите на Android од страна на Samsung
Следна статијаSatya Nadella ќе биде новиот CEO на Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.