Project Tango, односно системот за проширена реалност кој го развива Google и кој може да направи прецизна 3D мапа на околината и потоа да прикаже холографски објекти на неа (на дисплејот од телефонот/таблетот) отсега корисниците ќе можат да го имаат во својот џеб благодарение на Lenovo Phab2 Pro.

Ќе почнеме со една мала задршка – ќе треба да имате навистина голем џеб. Phab2 Pro има дисплеј со големина од енормни 6,4 инчи и Quad HD резолуција, што значи дека опасно влегува во територијата на таблетите. Во внатрешноста е вграден прилично моќниот Snapdragon 652 процесор, помогнат од 4 GB рам меморија и 64 GB простор.

15_Phab2_Pro_Color_Option_GS-1024x577

Назад, камерата за фотографирање има 16 мегапиксели, додека предната има 8 мегапиксели. Батеријата има солиден капацитет од 4.050 mAh со можност за брзо полнење, додека телефонот ќе биде опремен и со Dolby Atmos аудио и можност за снимање на 5.1 Surround звук кога ќе снимате видео преку дури 3 микрофони.

Сепак, најголем адут на овој телефон ќе биде токму Project Tango. За таа цел, назад има две камери и сензор кој ја пресметува локацијата 250.000 пати во секундата. Овој систем може да направи целосна 3D мапа на опкружувањето, односно онаму каде во тој момент гледа камерата на смартфонот.

08_Phab2_Pro_Exploded_Camera_Closeup-1024x577

Како може да се искористи? Исто како што може и HoloLens на Microsoft – ќе можете да ставате 3D објекти во просторот околу вас. Секако, нив ќе може да ги видите само на дисплејот, но тоа не го прави ова постигнување помалку импресивно. На пример, замислете дека со овој систем ќе можете да земете некое парче мебел од интернет и веднаш да видите како ќе „стои“ во вашата дневна соба или пак да го искористите за полесно снаоѓање во околината со помош на Google Maps.

Доколку успее Project Tango и го најде патот до повеќе паметни телефони, сигурен сум дека за него дивелоперите ќе направат и специјални игри, кои буквално ќе можете да ги играте на објектите во вашата соба или во било која друга околина.

11_Phab2_Pro_Hero_Shot-1024x577

Цената на Lenovo Phab2 Pro ќе изнесува 500 долари и ќе доаѓа опремен со Android Marshmallow.

Извор: Engadget, TechCrunch, Wired

Претходна статијаПродажбата на смартфони има се помал раст – дали наскоро ќе има опаѓање?
Следна статијаSpace X ќе се обиде повторно да искористи една од ракетите кои успешно направија вертикално слетување