gsmarena_002

Кинескиот производител пушти најавна реклама за нов паметен телефон, на која го има всушност еден од најпопуларните мобилни телефони на сите времиња, Motorola RAZR. Дали ова значи дека наскоро ќе видиме нов RAZR паметен телефон?

За оние кои не знаат, RAZR серијата на Motorola е првата во светот која го почна трендот за ултра тенки телефони. Во времето кога беше лансиран првиот модел, беше скоро незамисливо дека телефоните можат да бидат толку тенки, а особено што уредот беше на преклопување. После него следеа неколку тенки телефони од другите производители, но овој остана забележан во историјата.

Според рекламата, односно најавата, новиот уред дефинитивно ќе го носи името RAZR. Ова и нема да биде ништо особено ново – Motorola досега се обиде со неколку паметни телефони со Android кои го носеа името RAZR, но истите поминаа неуспешно на пазарот. Доколку новиот сопственик Lenovo сака нешто да промени, новиот уред дефинитивно ќе мора да донесе нешто посвежо, бидејќи денес веќе има паметни телефони кои се исклучително тенки.

Што секако не носи на претпоставката дека телефонот може да биде на преклоп. Да, исто како и првиот RAZR телефон. Ова се чини многу малку возможно, но би било кул да има една таква верзија на уредот, надополнета со стандардната форма на голем дисплеј на допир која владее веќе скоро една деценија. Добро дизајниран телефон на преклопување, со Android оперативен систем би бил многу интересен за средовечната генерација која го помина детството со овие уреди.

Сето ова може да испадне и дека е најава за новиот Moto X телефон од високата класа, но држиме стегнати палци дека сепак ќе се работи за RAZR.

Извор: TechCrunch, The Verge, GSMArena

Претходна статијаFujitsu разви ВИ кој може да лови криминалци (и обични луѓе)
Следна статијаChromebook лаптопите за прв пат повеќе продавани од MacBook во САД