Кинескиот производител неодамна ја купи американската Motorola и со тоа и правото на развој, производство и лансирање на нови Moto уреди. Според информациите, тие се откажаат од лансирање на Moto 360 часовник на Mobile World Congress, а сѐ уште е рано и за нов смартфон од високата класа. Сепак, тие најавија учество на овој саем со официјална промоција, веројатно на телефон од ниската класа.

Информациите кои ги имаме велат дека овој телефон можно е да биде G5 Plus, кој ќе биде блага надградба на популарниот смартфон од високата класа на Motorola, G5. Овој смартфон би имал 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, солиден Snapdragon 625 процесор помогнат од високи 4 GB рам меморија и простор за складирање податоци од 32 GB со можност за проширување преку слот за micro SD картичка.

Камерите веројатно ќе имаат 13 мегапиксели напред, односно 5 мегапиксели назад, што е солидно на хартија, но во пракса Motorola секогаш заостанувала во овој дел. Да веруваме дека Lenovo ќе промени нешто. Батеријата има капацитет од 3.080 mAh, Што би требало да е доволно со оглед на штедливиот чип.

Голем адут на G5 Plus, како и на секој Moto смартфон досега ќе биде што ќе се испорачува со последната верзија на Android, во овој случај Nougat. Корисниците можат да очекуваат и прилично брзи и навремени надградби на поновите верзии.

Настанот на кој (најверојатно) ќе биде претставен Moto G5 Plus ќе се случи на 26 Февруари на Mobile World Congress во Барселона, кога ние будно ќе ги следиме сите новитети.

Извор: 9 to 5 Google, Digit, GSM Arena

Претходна статијаDell доделува зимување во најактуелната ски дестинација за 2017 година
Следна статијаNintendo Switch е конзола со фокус на иновации, мобилност и гејмплеј, но со послаба графика