kodak-ektra-smartphone-800x630

По смртта на една од најголемите фотографски компании во историјата, многу помали компании се обидуваат да го обноват нејзиното име преку лансирање на најразлични уреди. Ektra е на пример сматрфон од средната класа, кој ветува неспоредливо подобра камера од таа дури и на најдобрите телефони, но за да поверуваме во тоа треба да ги видиме тест фотографиите.

Тоа е така бидејќи веќе излегоа премногу компании кои тврдеа дека ќе имаат подобри камери од тие на iPhone и Samsung Galaxy S сериите, но финалните резултати беа разочарувачки. На хартија, Kodat Ektra делува одлично – има сензор од 21 мегапиксели и леќа со f/2.0 бленда. Сепак, сензорот е од Sony и истиот е стандарден за повеќе паметни телефони. Проблемот со него е што не е поголем од тој на останатите телефони, што значи дека не донесува ништо ново на сцената.

screenshot_1

Ова е особено важно бидејќи поголем сензор има поголеми пиксели, кои може да примат повеќе светлина и следствено на тоа да имаат помалку шум во ноќни услови, како и поголем динамички опсег. Фотографијата подолу од производителот делува импресивно, но ќе ги задржиме коментарите до првите рецензии. Задната камера инаку има и стабилизација во 6 насоки како и супербрз PDAF автофокусен систем, додека предната камера пак има 13 мегапиксели.

xl_kodakextraimgsample-650-80

Bullitt, производителот на овој паметен телефон, вели дека вградената апликација за фотографирање ќе понуди целосно фотографско искуство и ќе има вградено мноштво филтри од Snapseed, како и филтри за снимање видео кои потсетуваа на Super 8 снимките од пред 30-тина години. За вистински традиционалните достапна е дури и кожна футрола за телефонот која изгледа како од постарите фотоапарати.

Останатите спецификации на Kodak Ektra се прилично солидни со оглед на цената од 449 фунти во Велика Британија. ДИсплејот има големина од 5 инчи и Full HD резолуција, процесорот е MediaTek Helio X20 со десет јадра помогнат од 3 GB рам и 32 GB простор, додека батеријата има капацитет од 3.000 mAh и ќе се полни преку USB Type-C со брзо полнење.

Телефонот ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow 6.0 и според искуството со помалите производители, искрено не се надевам дека корисникот би можел да добие надградба на Nougat.

Извор: T3, ARS Technica, PetaPixel

Претходна статијаНа Технома одржано финалето од натпреварот за стартап компании Get in the Ring 2016
Следна статијаЗаврши петтиот Самит на Македонија2025