iphone-7-casing-005-630x354

Според информација од најголемиот „протекувач“ Evan Blass (@evleaks на твитер), новиот iPhone нема да го носи името iPhone 7, туку iPhone 6SE, што е потег со кој Apple веројатно признава дека и овој модел нема да донесе големи промени, туку само ситни подобрувања.

Одлуката моделот да се вика iPhone 6SE, можно е да е донесена последниве неколку месеци, особено по критиките во медиумите, кои знаејќи ги информациите за новиот iPhone уште веднаш се сложија дека и овој модел нема да биде особено голем успех, бидејќи генерално ќе биде ист како и актуелниот модел, освен малку поголемата камера во задниот дел (веројатно двојна кај iPhone 6SE Plus), побрз процесор и два стерео звучници.

iphone-7-casing-006-630x354

Според оваа информација, Apple големите промени ги спрема за наредната година, кога ќе го претстави iPhone 7, кој конечно треба да донесе големи промени во дизајнот, но и во многу функционалности, можности и спецификации, како на пример OLED дисплеи со поголема резолуција од досегашните (што искрено очекувавме дека ќе се случи и годинава).

Овој развој на настаните најверојатно нема да биде позитивен за продажбата на iPhone, која продолжува да опаѓа – аналитичарите очекуваат третото тримесечје од оваа година да се продадат 41-42 милиони iPhone-и, што е голем пад од 48 милиони продадени во однос на истиот период минатата година.

Извор: CNET, TechnoBuffalo, 9 to 5 Mac

Претходна статијаApple назначи еден од своите директори за шеф на дивизијата за развој на автомобил
Следна статијаGoogle Maps со нов освежен дизајн и подобар начин на истакнување на „области на интерес“