iphone-6-curved-display-1 copy

До пред неколку години Apple беше најголемиот иноватор во индустријата на паметни телефони, но скоро сите нови можности кои ги вградуваат во последните генерации на iPhone се „копирани“ од Android производителите. Традицијата Apple ќе ја продолжи и наредната година – iPhone 8 ќе има заоблен дисплеј на страните.

За да го постигне ова, Apple ќе вгради OLED дисплеј, исто како и кај Samsung моделите. Какви софтверски можности ќе вгради Apple со цел да го искористи овој заоблен дисплеј сѐ уште е нејасно, но според досегашното искуство, би требало да има неколку иновации во овој поглед. Секако, не би било најдобро за Apple и неговите корисници тие да ги копираат и софтверските можности на “Edge” моделите на Samsung.

Покрај “Edgeless” дисплејот, има најави дека хардверското “Home” копче ќе биде вградено во самиот дисплеј. Поточно, тоа веќе нема да биде хардверско копче, туку софтверско, но со можност за читање на отпечатоците од прстите преку дисплејот – технологија која веќе постои, но останува да видиме дали и како ќе ја имплементира Apple.

Како што веќе најавивме неколку пати, годинава Apple нема да претстави поголеми промени кај iPhone 7. Очекувајте нова камера, кај “Plus/Pro” моделот веројатно и двојна, помоќен процесор и останати внатрешни компоненти, но дизајнот и останатите карактеристики ќе бидат исти како и кај актуелните модели.

Причината за ова, според некои информации од Кина е што технологијата која Apple ќе ја вградува во iPhone 8, поточно заоблениот дисплеј и софтверското копче кое може да чита отпечатоци на прсти, сѐ уште не се целосно спремни за овогодинешниот модел. Ова може и да има удар на продажбата на iPhone 7 – најавите за револуционерна 8-ка можат да направат купувачите да сакаат да почекаат уште една година пред да го сменат својот iPhone или уште полошо за Apple, да се одлучат на некој од конкурентските телефони.

Интересно, има и најави кои велат дека iPhone 7 нема ниту да биде претставен оваа, туку на почетокот на наредната година, додека iPhone 8 ќе биде претставен дури во 2018 година. Ова според мене е сепак скоро невозможно – Apple секако би сакал најголемите иновации да ги претстави уште наредната година, на 10 – годишнината од првиот iPhone.

Извор: Forbes, University Herald, BGR

Претходна статијаSamsung Notebook 7 Spin се Windows 10 лаптоп/таблет уреди со „360“ дисплеј
Следна статијаWhatsApp со 100 милиони повици на ден