Како се доближуваме до датумот кога ќе биде претставен iPhone 8, ќе дознаваме се повеќе и повеќе детали за веројатно најзначајниот iPhone во историјата на Apple (по првите неколку модели кои го пробија на пазарот).

Сега протекоа видеа од процесот на производство на новиот знаменосец на Apple, кои се прилично матни и не покажуваат многу од смартфонот, но потврдуваат дека барем една серија од него ќе биде спремна за продажба веднаш по претставувањето на почетокот од септември.

Секако, може да испадне и дека ова е производство на макетите од iPhone 8, кои веќе ги видовме на мал милион фотографии и видеа, а може да испадне и дека видеата се лажни, односно дека воопшто не го покажуваат iPhone 8. Ова се должи на сериозните мерки на безбедност во Foxconn, компанија која ги произведува овие смартфони и каде вработен не смее да внесе смартфон или камера на своето работно место.

Сепак, со оглед на тоа дека телефонот беше протечен веќе десетици пати низ интернет мрежата, моќта на протекување дури и на ваква информација ја сметам како целосно возможна. Иако звучи чудно, може дури и Apple намерно да пушта вакви видеа, со цел да покаже дека iPhone 8 е почнат со производство и покрај обвинувањата дека тоа нема да се случи до наредната година. Сите протекувања од iPhone 8 пак можат да влијаат и негативно на Galaxy Note 8, кој треба да биде претставен една недела пред најдобриот смартфон на Apple.

Извор: MacRumors, 9 to 5 Mac, BGR

Претходна статијаТрадиција, убавина и одличен натпревар: 31 Охридски пливачки маратон
Следна статијаSamsung пушти видео најава за Galaxy Note 8