Според се’ уште непотврдените информации кои излегуваат на интернет, iPhone 8 се очекува да за првпат користи OLED екран. За предностите на овие екрани доволно е да ги земеме како пример Samsung уредите, за да ни стане јасно зошто и Apple би се одлучиле да почнат да ги користат.

Информациите исто така говорат дека производител на екраните за новиот iPhone 8 ќе биде токму Samsung кои имаат стигнато можеби најдалеку во нивниот развој, а дефинитивно имаат најголемо искуство.

Од порталот DigiTimes тврдат од Samsung Display имаат ветено целосна поддршка за Apple во доставувањето на OLED екраните, но и покрај тоа, само 3 до 4 милиони уреди би биле спремни веднаш по претставувањето на iPhone 8.

Со оглед на фактот што Samsung има свои уреди кои мора да ги опреми си ваков екран, не е чудо што компанијата нема да биде во можност веднаш да одговори на барањата на Apple.

Сепак, кога подобро ќе размислиме, ова може и позитивно да влијае на подоцнежните продажби на iPhone 8 кој на овој начин ќе стане поредок и доста баран производ поради тоа.

iPhone 8 се очекува да биде претставен оваа есен, заедно со новите генерации на 7ците. Осмицата треба да биде јубилејниот телефон за 10 годишнината од претставувањето на првиот iPhone уред.

Извор: DigiTimes, TechnoBuffalo

Претходна статијаФондацијата Saint-Gobain Initiatives додели грант на Хабитат Македонија
Следна статијаСамсунг ја претстави „ISOCELL“ линијата на сензори за слика на Конгресот на мобилна технологија 2017 во Шангај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.