iPhone 8 ќе биде најголемиот скок во серијата на најпопуларниот смартфон на планетата и токму поради тоа, според информациите кои ги добиваме, производството ќе биде одложено за два до три месеци подоцна, иако телефонот ќе биде претставен во септември.

Имено, iPhone 8 ќе има многу новитети, како OLED дисплеј и читач за отпечатоци на прстите вграден во самиот екран, што се делови кои добавувачите на Apple нема да можат да ги произведат навреме за планираниот почеток на производството во август/септември.

Понатаму, чекање ќе има и за новиот Apple A11 процесор, кој ќе биде првиот во iPhone со големина на транзисторите од 10 nm (произведен од TSMC), со 3D Touch модулот, кој ќе има неколку нови функционалности како и со предната 3D камера, која ќе овозможи мерење на длабочината на сликата со висок квалитет.

Вакво одложување може многу да го чини Apple во борбата со агресивните Android конкуренти, но доколку овие технологии навистина донесуваат нешто ново, не гледам причина зошто оние кои сакаат да издвојат над 1.000 долари за iPhone нема да можат да почекаат уште некој месец повеќе.

Во меѓувреме, уште при претставувањето во август/септември, достапни ќе бидат iPhone 7S и 7S Plus моделите, кои ќе бидат подобрувања на актуелните iPhone-и, но ултимативно ќе го имаат истиот дизајн како нив. Сепак, од нив не се очекува да имаат голем импакт на пазарот, иако ќе содржат околу 70% од продадените нови iPhone-и кога ќе биде лансирана 8-ката.

Извор: 9 to 5 Mac, CNBC, CNET

Претходна статијаПретставување: Leef iBridge 3 е премиум уред, кој ќе го зголеми капацитетот за податоци на вашиот iPhone или iPad
Следна статијаCasio WSD-F20 е робусен часовник со Android Wear 2.0