По се изгледа дека поголем дел од информациите за iPhone 8 се само желби на оние кои ги пуштаат. Имено, неколку пати најавивме дека iPhone 8 ќе има заоблен дисплеј на страните, слично како “Edge” серијата на Samsung, но според внатрешни извори, ова нема да се случи – iPhone 8 веројатно и натаму ќе има традиционален дизајн.

Информациите за заоблен дисплеј се веројатно напумпани. Имено, iPhone 7 и 7 Plus веќе имаат делумно заоблено стакло на страните, но без дисплејот. Ова е направено за телефонот да има помазно преминување од стаклото кон алуминиумот и како Gorilla Glass 2.5 D го имаат и многу други смартфони.

Се уште не можеме да потврдиме дали iPhone 8 ќе има и мала рамка околу дисплејот, но ваквиот развој на настаните го прави и тоа помалку веројатно. Поточно, очекувајте намалување, но не телефон кој ќе има само дисплеј напред, без рамка. Самиот дисплеј пак би имал големина од 5,8 инчи, но веројатно нема да се промени соодносот на страните – тој и натаму ќе биде 16:9.

Од друга страна, најавата дека Apple ќе се одлучи на изработка од челик за страничната рамка (шасија) на телефонот и стакло напред и назад е веројатно точна. Уште не знаеме како точно ќе биде ова изведено, но тоа сигурно ќе не врати во времето на iPhone 4 и 4S, чиј дизајн со стакло во задниот дел се уште изгледа модерно дури и денес.

Извор: Bussines Insider, MacRumors, Forbes

Претходна статијаЗапознајте ја Angel Giuffria – бионичката актерка која полека го освојува светот
Следна статијаДали во иднина ќе имаме кружни аеродроми