Како и што беше најавено, заедно со импресивниот iPhone X, Apple претстави подновени изведби на „обичните“ iPhone смартфони, кои не се импресивни како “X”, но имаат неколку адути во ракавот. Сепак, доколку веќе имате iPhone 7 или 7 Plus, ова дефинитивно не се телефони кои треба да ве натераат да го надградбите својот постоечки смартфон.

Однадвор, промените се главно во задниот дел, кој сега е изработен од стакло, со цел да се овозможи безжично Qi полнење, истото кое го користат останатите производители, што е нешто на кое досега Apple и не немаше навикнато. Однапред, повторно ќе ве пречека голема рамка околу 4,7 и 5,5 инчните модели, која реално изгледа како кај телефон стар веќе неколку години.

Резолуцијата кај двата екрани не е сменета и тие сѐ уште се LCD, но затоа нов е Apple A11 Bionic процесорот, кој треба да овозможи супер брзи перформанси. Како и порано и двата модели се опремени со Touch ID читач за отпечатоци и Home копче и интеракцијата со нив ќе биде како кај сите iPhone-и досега, за разлика од новиот iPhone X.

Камерите исто така доживуваат делумни подобрувања – кај iPhone 8 има нов сензор со 12 мегапиксели и дополнителни филтри во боја, додека онаа кај iPhone 8 Plus има двојна камера со два оптички стабилизирани модули и подобрени сензори.

Финалните резултати би требало да бидат подобри од тие на претходните модели, но iPhone 8 Plus ќе има и супериорни можности за изменета реалнос благодарение на новите камери, што е во рамките на очекуваното за нов смартфон. За прв пат кај еден iPhone, новите 8-ки ќе бидат опремени со стерео звучници, што е одлична вест, а сега ќе бидат и IP68 отпорни на вода и прашина.

И двата модели ќе бидат достапни во изведби со 64 и 256 GB простор и ќе имаат почетна цена од 699, односно 799 долари во САД. Ова е прилично ниска цена со оглед на тоа што имаат да го понудат, но и со оглед на тоа што се iPhone, но според мене 8-ките се дефинитивно засенети од импресивниот iPhone X, кој и покрај тоа што чини дури 999 долари, сигурен сум дека ќе направи редици пред продавниците.

Претходна статијаШестата AllWeb конференција закажана за 17 ноември
Следна статијаСмартфоните главни носители на интернет сообраќајот