iphoneconceptimage

Новите два iPhone-и и покрај тоа што немаат стандарден излез за слушалки, постигнуваат рекорди во продажбата, што веројатно се должи на подобрените камери и ултра брзиот A10 Fusion чип, кој на бенчмарковите направи голем скок пред конкуренцијата од Samsung и Qualcomm. Сепак, големите промени, особено во дизајнот, очекувајте ги за наредната година.

Навистина, можеби iPhone 7 и 7 Plus се и натаму убави телефони, но факт е дека големата рамка околу дисплејот изгледа веќе антички, за разлика од Edge серијата на Samsung, која изгледа многу пофутуристички и помодерно. Исто така, ова прави iPhone-ите да бидат и многу поголеми од останатите телефони со иста големина на дисплејот, што го ограничува користењето со една рака.

Исто така, алуминиумската изработка на која Apple е особено горд, веќе ја има и во многу поевтини, кинески телефони. И тоа не само што е алуминиум, туку е одлично изработен алуминиум, исто или скоро исто како кај iPhone. Барем кога е изгледот во прашање, во моментов сигурно име подеднакво убави или пак поубави телефони од iPhone 7 на пазарот.

Решението на Apple ќе биде целосна промена на дизајнот на iPhone за наредната година. Тој модел ќе ја означи 10 – годишнината од првиот iPhone, што е само причина повеќе Apple да ги направи промените. Според протечени внатрешни извори од Apple, iPhone 8 ќе има предна страна без рамка околу дисплејот, што е одлична вест – iPhone конечно ќе изгледа модерно и футуристички, како и што треба да изгледа еден толку скап телефон, а целосно од стакло ќе биде изработена и задната страна. Исто така, најавено е дека новите дисплеи ќе бидат OLED, а се надеваме дека ќе имаат и повисока резолуција – обичниот iPhone 7 има резолуција како телефоните од средно – ниската класа…

И без грижи – “Home” копчето ќе остане, но ќе биде сместено под дисплејот. Сѐ уште немаме информација како ова ќе биде изведено во самиот оперативен систем, односно како ќе биде видливо, но е потег кој може да направи вистинска разлика во однос на конкуренцијата. Освен ако некој кинески производител со овие информации не го вгради во свој модел, како што Meizu направи со линиите од антената на работ од телефонот уште пред да излезе iPhone 7.

Најавите дека Apple ќе направи големи промени во iPhone 8 купувачите треба да ги пречекаат со голема насмевка. Ова значи дека и конкуренцијата нема да стои во место и дека големи промени и подобрувања треба да очекуваме и кај Samsung, LG, HTC и кинеските производители, а дури и Microsoft треба да го претстави Surface Phone, кој би можел да го смени начинот на кој ги користиме нашите паметни телефони. 2018 дефинитивно ќе биде година на смартфоните.

Извор: Forbes, CNET, IBT

Претходна статијаПазар3 – десет години најснабден пазар во Македонија
Следна статијаПазарот на паметни часовници се’ уште со слаб раст