Apple спрема големи промени за новата генерација на iPhone и еден од индикаторите за тоа е целосно нов читач за отпечатоци за прстите, кој најверојатно ќе биде вграден во самиот дисплеј и кој ќе биде дизајниран и развиен токму од Apple.

Ова е неочекуван потег, бидејќи во моментов има само две компании кои имаат таква технологија – Synaptics со Natural ID и Qualcomm со Sense ID. Најверојатно Apple има неколку други идеи за тоа како да го примени овој читач за отпечатоци, кои воедно ќе може и да ги заштити благодарение на неколку патенти поднесени минативе неколку години.

Според DigiTimes, читачот за отпечатоци во новиот iPhone 8 ќе биде произведен од компанијата TSMC, која стои зад производството и на дел од чиповите, односно процесорите во iPhone 7. Овој читач ќе биде изработен со транзистори од 65 nm и ќе биде причината што производството на iPhone 8 ќе почне малку покасно од очекуваното – веројатно во Септември. Од друга страна, производството на другите два iPhone-и, 7S и 7S Plus, кои ќе бидат само подобрени верзии на актуелните модели, ќе почне во Јули.

Овие модели би имале само LCD дисплеи и читач за отпечатоци во Home копчето, како и досега. Вистинските подобрувања ќе бидат ексклузивно достапни во 8-ката, а тука особено се мисли на нов OLED дисплеј со помала рамка одоколу (произведен од Samsung) и читач за отпечатоци вграден во него. Според многу информации, iPhone 8 ќе има и читач за ирисот на окото, со цел да му понуди на корисникот повисоко ниво на заштита, како и предна камера која ќе може да слика 3D селфи фотографии.

Извор: Mac Rumors, Apple Insider, Gizbot

Претходна статијаНово видео од Galaxy S8 – веќе знаеме (скоро) се за новиот знаменосец на Samsung
Следна статијаКина со план за прочистување на воздухот